🎥 ЗЕЛЕНСКИ ЗАДОВОЛЕН ПО СРЕДБАТА СО БАЈДЕН Тоа е токму она што ѝ треба на Украина

По средбата во Белата куќа, Бајден рече дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина следната недела. Тој, исто така, рече дека Вашингтон наскоро на Украина ќе и ја испрати втора батерија за противвоздушна одбрана „Хоук“ со придружната опрема.

147

Американскиот претседател Џо Бајден на синоќешната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски гарантирал дека САД ќе ја задржат силната поддршка за Украина во нејзината одбрана од Русија и покрај противењето на некои републикански претставници.

Средбата меѓу Бајден и Зеленски се одржа во Белата куќа, по што Бајден рече дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина следната недела. Тој, исто така, рече дека Вашингтон наскоро на Украина ќе и ја испрати втора батерија за противвоздушна одбрана „Хоук“ со придружната опрема.






Зеленски му се заблагодари на Бајден за новиот пакет воена помош од 325 милиони долари во оружје и противвоздушна одбрана, велејќи дека тоа е токму она што сега им треба на украинските војници. Украинскиот претседател рече дека тој и Бајден се договориле за конкретни чекори за проширување на извозот на жито од Украина соочени со руската блокада и тензиите со соседна Полска.

Барањето на Бајден за дополнителни средства од 24 милиони долари за Украина за да помогне во плаќањето на украинската одбранбена и хуманитарна помош до крајот на годината е закочена во буџетската битка со републиканските тврдокорни во Претставничкиот дом.

Бајден истакна дека единствен начин да се надмине противењето во Претставничкиот дом е да добие одобрение од американскиот Конгрес.

– Сметам на доброто расудување на Конгресот на САД. Нема алтернатива – рече Бајден.

Републиканскиот сенатор Ренд Пол, критичар на странската помош за Украина, изјави за „Фокс бизнис њуз“ дека Украина е „корумпиран режим“ и дека на војната не и се гледа крајот.

– Како што сме сега посветени да и помогнеме на Украина да се одбрани, исто така сме посветени да и помогнеме да се опорави и да се обнови во иднина, вклучително и поддршка на реформите кои ќе се борат против корупцијата – рече Бајден.

Поврзани содржини