(ФОТО) РИЈАНА КОНЕЧНО ГО ПОКАЖА ВТОРИОТ СИН Целото семејство првпат во јавност
Пејачката Ријана (35) конечно преку серија семејни фотографии го потврди раѓањето на своето второ дете со раперот АСАП Роки.
Пејачката Ријана (35) конечно преку серија семејни фотографии го потврди раѓањето на своето второ дете со раперот АСАП Роки. Ријана објави прекрасни фотографии од нејзиното семејство.
Таа на својот син му го дала името Riot, а на фотографиите можете да го видите бебето со розова капа и насмевка. Инаку, Ријана се породи на 1 август.
View this post on Instagram
Малиот Рајот носел розов комбинезон со капче, а на некои фотографии бил завиткан во ќебе.
Постариот син на Ријана и АСАП, Риза (РЗА), носел панталони и кожена рокерска јакна, додека пејачката се облекла во тексас јакна и темни хеланки, а раперот остана верен на својот стил – широки панталони, кошула и синџир.
Дека сака необични имиња, Ријана потврди со изборот на име за својот постар син бидејќи го носи прекарот на Роберт Фицџералд Дигс, познатиот рапер и водач на „Ву Танг клан“.
View this post on Instagram
Инаку, Ријана ја објави втората бременост во текот на нејзиниот настап на овогодинешниот Супербол.
ФОТО: Инстаграм