АХМЕТИ СЕ СРЕТНА СО ХАН Разговарале за евроинтеграциите и за дијалогот меѓу Косово и Србија

Претседателот на ДУИ и еврокомесарот разговараа за скрининг процесот, евроинтеграциите, реформите во администрацијата, уставните измени, состојбите во регионот како и дијалогот меѓу Косово и Србија – информираа од ДУИ.

148

Претседателот на Демократската унија за интеграција,  Али Ахмети денеска се сретна со европскиот комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан.

Соговорниците разговараа за скрининг процесот, евроинтеграциите, реформите во администрацијата, уставните измени, состојбите во регионот како и дијалогот меѓу Косово и Србија – информираа од ДУИ.






„Ахмети зборуваше за Европскиот фронт како итна потреба за надминување на пречките во интеграцискиот пат и спроведувањето на уставните измени, додавајќи дека политичките партии треба да ги надминат личните интереси и да се фокусираат на иднината на државата и животот на граѓаните.

Комесарот Хан безрезервно ги поддржува реформските и евроинтеграциските напори на нашата земја.

Соговорниците разговарале и за дијалогот меѓу Косово и Србија, апелирајќи земјите да се држат до договорот постигнат во Охрид до финализирање на целосниот договор со взаемно признавање“ – стои во партиското соопштение.

Поврзани содржини