„Бисери“ во македонските капитулации со Бугарија (2)

Вториот протокол со Бугарија е потпишан на 17 јули 2022. Повторно во Софија, што е ново виткање на ‘рбетот. Ако првиот состанок бил во Софија, вториот морал во Скопје. Потписници се МНР, Бујар Османи и Теодора Генчовска. Ова се неговите главни “бисери“.

1,187

(Во првиот дел, под ист наслов, презентирани беа капитулациите коишто Македонија ги потпиша во договорот за (не)пријателство со Бугарија, и во првиот протокол, којшто следуваше. Овде ќе ги најдете „бисерите“ од вториот протокол. Ќе следува анализа на преговарачката рамка)

Вториот протокол со Бугарија е потпишан на 17 јули 2022. Повторно во Софија, што е ново виткање на ‘рбетот. Ако првиот состанок бил во Софија, вториот морал во Скопје. Потписници се МНР, Бујар Османи и Теодора Генчовска. Ова се неговите главни „бисери“.






  1. Бугарија прифати да се одржи првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, ПОД УСЛОВ – „следната да се одржи ПО ПРОМЕНАТА НА УСТАВОТ… во кој ќе се вклучат и други народи, каков што е бугарскиот народ“.
  2. „Владата на Македонија се согласува следната меѓувладина конференција ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА ФАЗАТА НА ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО (еве потврда дека тие не се отворени!), да се одржи откако во сила ќе влезе измената на уставот“.
  3. Треба ли подобар доказ дека Уставот се менува не само под бугарски диктат, туку со нивна уцена, преку ултиматум! Османи се согласил и на втора меѓувладина конференција со ЕУ, како гаранција дека ќе го промениме уставот! Секако, не сам. Досега, две меѓувладини конференции немала ниту една друга држава! ЕУ, Македонија ја третира како колонија.
  4. „Македонија ќе преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница“ … „за постигнување на одржливи резултати за превенција и реакција против појавите на јазик на омраза“ … „за подигнување на довербата на Бугарите во Република Македонија“ … „за постигнување на одржливи резултати за гарантирање на слободното остварување на правата на Бугарите во Македонија“ … „за слободно изразување, заштита и развој на идентитетот и специфичните карактеристики на бугарската заедница, како и за слободно употребување на симболите на нивната заедница“.
  5. Да бевме поразен агресор, вака немаше да капитулираме. Со оглед дека извршувањето на нашите обврски од овој протокол е суштината на преговарачката рамка со ЕУ, може ли некој да замисли дека Софија, секојдневно, нема во Брисел да тропа на маса дека ниту едно од тоа што е погоре ветено – не сме исполниле? Бугарија создава антимакедонска структура во земјава, преку поединци, клубови, здруженија, партии… коишто ќе бидат нејзини алатки. Тие, постојано ќе лаат околу тоа, а во протоколот е се’ така формулирано, за никој да не може да негира. Впрочем, Брисел е со Софија. Нашите преговори ќе бидат голгота под постојани блокади.
  6. Потпишано е дека – РАБОТАТА НА ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЕДНОСТРАНО ПРЕКИНАТА!
  7. Ова е невидена будалштина. Вселенски „бисер“. Комисијата е формирана врз основа на договорот за (не)пријателство којшто, според член 13, може еднострано да се откаже. Без него, и таа паѓа во вода. Комисијата е клучен бугарски интерес, и нејзината работа, Бугарија ќе ја валоризира во ЕУ.
  8. Се бара – „Комисијата да работи со поголема ефикасност“ … со цел – “претставување на факти и настани од ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА“ која ги поврзува „двете држави и НИВНИТЕ НАРОДИ“.
  9. „Двете страни, во рок од две години, да ги вклучат сите веќе меѓусебно договорени резултати на Комисијата во учебните програми, учебници и релевантни учебни материјали и истите резултати да се рефлектираат врз содржината на натписи на споменици, знаци, информациски материјали, во музеи… и во релевантните информации во електронски информативни медиуми во јавна сопственост“.
  10. „Двете држави да разменат … копии од сите образовни програми, учебници, учебни помагала и други релевантни учебни материјали во образовните програми на двете држави“.
  11. Во образовните институции, да бидат достапни и да се користат оригиналите на соодветни историски извори и литературни текстови. (Тоа значи – НА БУГАРСКИ ЈАЗИК!)
  12. „Двете страни се обврзуваат последователно меѓусебно ДА СЕ ИНФОРМИРААТ ЗА СИТЕ ПРОМЕНИ ВО СОДРЖИНАТА НА СИТЕ УЧЕБНИЦИ, УЧЕБНИ ПОМАГАЛА И МЕТОДОЛОШКИ ПОИМИ ВО СВОИТЕ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И ДА ДОСТАВАТ КОПИИ ОД НОВНИТЕ ИЗДАНИЈА“!
  13. „Двете држави да гарантираа дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на договорот за пријателство“ … И, во овој контекст, „секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку ЈАСНА И ОБВРЗУВАЧКА ИЗЈАВА дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за не прифаќање на сите форми на говор на омраза“
  14. „Двете држави прифаќаат во 2022 и 2023 да ги чествуваат сите заеднички личности, веќе договорени од Комисијата“.
  15. „Двете држави, не покасно од учебната 2024 – 2025 да ги усогласат, каде што е неопходно, сите учебници по историја за учебната програма…“, според договорено во комисијата.
  16. „Двете држави ја охрабруваат Комисијата да го заврши прегледот на периодот на Средниот век во рок од една година од потпишувањето на овој Протокол“.
  17. „… двете држава да ја охрабрат Комисијата во рок од една година да подготви и да им предложи на двете влади препораки за заедничко одбележување и чествување на заеднички личности и настани“.
  18. „Двете држави ја поддржуваат и охрабруваат комисијата да ја заврши работата за сите периоди ОД ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА“.
  19. Во периодот од 10 јуни 2019 до 10 јуни 2022, Комисијата за историски и образовни прашања одржала 13 состаноци. Заедничка оценка – „се работело под очекувањата“. Заложба за – „забрзување на работата и постигнување на јасни резултати“. „СОГЛАСНОСТ, комисијата да се среќава 8 до 10 ПАТИ годишно“.
  20. Сѐ се врти околу комисијата за историја и образование. Сѐ е така срочено што е невозможно да се докаже дека ги исполнуваме преземените обврски. Со преговорите, Софија ќе има систем за целосна контрола што се случува кај нас, до најситен детаљ, и тоа ќе го користи за дневни блокади на нашите преговори. Ако започнат. Ние немаме ниту интерес, ниту систем за тоа. За време на преговорите, според новиот формат, сите членки ќе можат, тука кај нас, цело време да не чешлаат во сите 33 поглавја. Бугарија ќе биде постојано ТУКА. Повеќе пати се повторува – „заедничка историја“…
  21. Иако се користи изразот – „охрабрување“, Софија со право ќе претендира дека сме прифатиле ама доволно не сме „охрабрувале“! Ниту успеале! Одличен повод за нови блокади… Сме се согласиле годишно на 8 до 10 состаноци на историската комисија, а за три години имало само 13! Тоа е нова капитулација. Интересот за тоа е апсолутно – бугарски.
  22. Објективно, задачите коишто се пред комисијата, се решаваат во период од 20, 30… и повеќе години. Бугарија силува, сака сѐ да се реши за година, две а „нашиве“ се – недоветни. Минатата година, Кина и Русија потпишаа договор за границата, преговаран 40 години.
  23. Во ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА, се бара СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОТОКОЛИТЕ. Значи, вклучени се сите овие наши преземени обврски. Во суштината, Бујар Осамни потпишал дека СМЕ СЕ СОГЛАСИЛЕ ДА БИДЕМЕ ОБРАЗОВЕН И КУЛТУРЕН ПРОТЕКТОРАТ НА СОФИЈА! Практично, СМЕ СЕ ОТКАЖАЛЕ ОД МАКЕДОНИЗМОТ. Ова се наши незамисливи отстапки, и нови алатки за Софија. Историската и образовна комисија ќе ги структурира нашите преговори за ЕУ.
  24. „Владата на Македонија … да ја реафирмира осудата и извинувањето за неправдите и репресиите извршувани во минатото … против граѓани … вклучително и Бугарите“.
  25. „Владата на Македонија изјавува дека ќе ја создаде неопходната сеопфатна правна рамка за целосно отворање на архивите за репресивниот апарат – во периодот 1945-1991“.
  26. Зошто нашите „генијалци“ не барале ништо за прогонетите Македонци во Бугарија? Не им текнало? А, Бугарија тврди дека сите нивни архиви биле отворени!? Верувале, или не.
  27. Со „Тиранската платформа“, и Албанците бараа нивна рехабилитација. Тоа е силен доказ дека и зад двата документи стои еден ист центар. Вашингтон. Ова не е обична случајност.
  28. И овде, Македонија „СЕ ОБВРЗУВА дека нејзиниот Устав не е основа за мешање во бугарските внатрешни работи, за лица кои не се наши граѓани“. Тоа е повторено откажување од Македонците во Пирин.
  29. Таму, нели, нема Македонци! А ние, прифаќаме Бугарија да УЦЕНУВА со промена на Уставот, за непостоечки Бугари!?
  30. Исто како и во Нивици, и овде сите обврски се за Македонија. А, сосем сигурно, во Бугарија насекаде пишува дека нема Македонци, дека сме ние Бугари… Така е бидејќи ние немаме увид. Нема кој да се ангажира. Ама, и не смее!
  31. „На 4/2/2022, посета на МНР Генчовска, и заедничко чествување со министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска на 150-годишнината на раѓањето на Гоце Делчев“!? (Пак заеднички се чествувал Г. Делчев!)
  32. Ова го потпишал Бујар Османи во име на Македонија, и е дел од преговарачката рамка. Ако тоа не е капитулација и предавство, што е? Ова е срамно и понижувачко за државата и народот. Прифатеното е спротивно на клучните национални интереси на македонскиот народ.
Поврзани содржини