ОХРИЃАНЕЦ „ПАДНАЛ“ КАЈ ЗАЈАС Направил прекршок па се обидел да ги подмити полицајците
Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, кои веднаш му биле вратени.
Охриѓанец бил лишен од слобода откако се обидел да подмити полициски службеници да помине без казна по направен сообраќањен прекршок. 59-годишникот од Охрид, „паднал“ на контролата кај селото Зајас, на магистралниот пат Кичево-Гостивар.
„Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 19:35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, го лишиле од слобода А.Ј.(59) од Охрид. Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, кои веднаш му биле вратени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ – стои во известувањето од МВР.