МВР И ОЈО ТРЕБАШЕ ОДАМНА ДА ВЛЕЗАТ ВО ОНКОЛОГИЈА Д-р Пановски смета дека повеќе лица се вмешани во криминалот

Има елементи кои укажуваат дека повеќе лица биле вмешани во скандалот. Тоа не би било возможно без знаење на надлежните на клиниката, финансии и сметководство - рече д-р Пановски.

2,369

Скандалот на Онкологија нанесе голема штета на македонското здравство, граѓаните ја загубија довербата, која може да се поврати само ако целосно се расветли случајот и има одговорност –

рече во гостување на Канал 5 врвниот микробиолог др. Никола Пановски.






– МВР и ОЈО требаше порано да влезат на онкологија бидејќи подолг период има информации за злоупотреби за кои известуваа и дел од медиумите. Има елементи кои укажуваат дека повеќе лица биле вмешани во скандалот. Тоа не би било возможно без знаење на надлежните на клиниката, финансии и сметководство – смета д-р Пановски.

Според него, лошата ситуација во македонското здравство е резултат, пред сè, на партизацијата.

– Партиското поставување на директори на клиники е сериозен проблем и дополнително придонесува за ваквите лоши состојби. Се поставуваат целосно несоодветни кадри, со несоодветни струки за директори на клиники. Потребен е целосен ремонт и департизација, но притоа мора да се има предвид дека тоа нема да биде возможно без жртви – рече Пановски, одговатррајќи на прашање за можноста да се подобрат состојбите во македонското здравство.

Поврзани содржини