ДЕВОЈЧЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО, ВОЗАЧОТ ИЗБЕГАЛ Приведени се осомничени лица

220

Малолетничка е повредена откако во неа удрило возило, а возачот избегал, соопшти полицијата.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 30.08.2023 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Борис Трајковски во Скопје, патничко возило „алфа ромео” со скопски регистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.






Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза” каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

Поврзани содржини