ПОВИКАВ TOA ВЕДНАШ ДА СЕ КОРИГИРА Министерката за култура реагираше за натписот „С. Македонија“ покрај името на Конески
Го повикав директорот на СВП, Тодорче Тасевски, како прв човек на оваа престижна поетска манифестација од светски ранг, да понесе целосна одговорност за овој занемарен факт. Од одговорните за веб-страницата на Фестивалот побарав да се изврши итна корекција на внесените податоци со достојна почит кон великаните на македонската култура, вели Костадиновска-Стојчевска.
Корекција на името „С Македонија“ кај поетите Блаже Конески и Матеја Матевски побара министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска од директорот на поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата, Тодорче Тасевски по коментарот на Умно.мк и реакцијата дека ретроактиовно е сменето името на државата на лауреатите што добиле „Златен венец“ во 1981 односно во 2011 година. Редакцијата на Умно.мк се обрати до СВП и до Министерството за култура да го образложат нивниот став зошто како земја на потекло на венценосците Блаже Конески во 1981 година и Матеја Матевски во 2011 година е напишани „С. Македонија“, кога држава во тоа време се викала Социјалистичка Република Македонија, односно Република Македонија.
– Го повикав директорот на СВП, Тодорче Тасевски, како прв човек на оваа престижна поетска манифестација од светски ранг, да понесе целосна одговорност за овој занемарен факт. Од одговорните за веб-страницата на Фестивалот побарав да се изврши итна корекција на внесените податоци со достојна почит кон великаните на македонската култура – вели Костадиновска-Стојчевска.
Таа додава дека променетиот назив на државата под имињата на македонските лауреати е пропуст кој предизвика оправдани реакции.
– Венценосците Блаже Конески и Матеја Матевски, како и бројни поети, добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, станаа носители на овие врвни признанија во периодот пред 2019 година. Организаторот морал да го има предвид овој факт – вели Костадиновска-Стојчевска.
Корекцијата на интернет-страницата на СВП е веќе направена.