ВЛАДАТА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ Предвремени избори час поскоро, бара Мицкоски

Во отсуство на било која друга политика која би можела да ги кохезира работите, нормално е народот и опозицијата да бара час поскоро да се одржат предвремени избори имајќи предвид дека напролет се редовните избори, со што народот би добил Влада која има кредибилитет и политички легитимитет за да ги забрза процесите напред - истакнува Христијан Мицкоски.

98

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите дадена во Берово оцени дека актуелната Влада нема кредибилитет и дека логични се барањата на опозицијата за предвремени избори.

– Имаме Влада која нема кредибилитет, а би рекол и политички легитимитет бидејќи главна нивна политика беа уставните измени под бугарски диктат, а тоа им се удира од ѕид. Поминаа 10 дена од дебатата за уставните измени, се гласаше по дневниот ред и јасно беше дека нема мнозинство за да се испорача тоа што треба, а тоа значи дека им се удира од ѕид – рече Мицкоски.






Согласно ова, како што додаде, логични се барањата за предвремени избори.

– Во отсуство на било која друга политика која би можела да ги кохезира работите, нормално е народот и опозицијата да бара час поскоро да се одржат предвремени избори имајќи предвид дека напролет се редовните избори, со што народот би добил Влада која има кредибилитет и политички легитимитет за да ги забрза процесите напред – рече Мицкоски.

Коментирајќи ја информацијата за изборот на фирма која треба да изврши градежни зафати во спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде при крајот на годината треба да се одржи самитот на претседатели на држави членки на ОБСЕ, Мицкоски со став дека во ДУИ секој министер си има своја фирма на која и дели тендери.

– Таков е и овој случај каде што фирма што претходно се легитимирала како донатор на ДУИ добива тендер, а со тој тендер треба да направи одредени градежни зафати во СЦ Борис Трајковски каде што на крајот на декември месец ќе се одржи самитот на претседател на држави на земјите членки на ОБСЕ. Со тоа практично се легитимира и организаторот, а тоа е Бујар Османи кој што е во својство на министер за надворешни работи, бидејќи Ковачевски никој во суштина не го прашал. Него само му кажуваат ти ќе бидеш денеска уште еден ден повеќе премиер, другото остави го и така не те бива за таа работа, еве тука ти се ресурсите, те возат лево десно, те викаат премиер уште малку, другото си е наша работа. Така што него никој ништо не го прашува. Бујар Османи си има своја фирма си ја ангажира таа фирма. Таа фирма е донатор на ДУИ за градежни зафати во СЦ Борис Трајковски, рече Мицкоски,  додавајќи дека за ова ќе следи одговорност за секој што постапил спротивно на законот.

Поврзани содржини