ТРАГИ ОД МУНИЦИЈА НАЈДЕНИ НА АВИОНОТ? Младиот пилот кој го возел Пригожин не можел да знае дека тој е на списокот?!
Како може (мојот син) да знае кој е на списокот на патници, па тој е само пилот, изјавил Шукур Каримов, таткото на 29-годишниот Рустам кој управувал со авионот.
Летало пукало на авионот во кој загина лидерот на платениците „Вагнер“, Евгениј Пригожин, смета Дијана Магнеј, дописничка за Скај њуз. Таа ги цитираше професорот Мајкл Кларк кој изјави дека е сигурно дека во авионот немало бомба, а дека „ се чини дека авионот на Пригожин однадвор бил погоден од нешто што било доволно силно да ги оштети контролните уреди на неговиот млаз“.
Со слична теза се огласи каналот Вишеград24 кој објави наводна слика од најдениот дел од бизнис-авионот „Ембраер“ со заокружени делови кои личат на остатоци од некаква противавионска муниција.
Потврда и официјални изјави во врска со несреќата од руските власти засега нема.
Со авионот управувал 29-годишниот Рустам Каримов, а неговиот татко Шукур, за рускиот портал „59“ вели дека Рустам не можел да знае кои се патниците на летот.
– Како може да знае кој е на списокот на патници, па тој е само пилот – изјавил Шукур.
BREAKING:
Anti-aircraft shrapnel visible on the wreckage of Prigozhin’s plane.
Putin killed him pic.twitter.com/V2mvr5c30L
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 23, 2023
Таткото изјавил и дека син му почнал да работи само пред три месеци и дека со сопругата не очекувале дека нема повеќе да го видат. Тој наведува дека Рустам повторно останал без работа со почетокот на војната во Украина, а дури неодамна почнал да работи во компанијата која го поседувала авионот што се урна.
– Пред три месеци ја најде таа работа, а пред само два месеци се пресели во Санкт Петербург. Пред летот и се јавил на мајка си и ѝ рекол дека оди на патување – раскажува Шукур кој вели дека синот завршил академија за пилоти во 2014 година.
Авионот на „Ембраер“ се урна по 33 минути лет од Москва кон Санкт Петербург, во регионот Твер. Руските медиуми пишуваа дека телото на Пригожин е најдено и однесено на судска медицина, а дека зградата ја обезбедуваат многу полицајци.
Официјална потврда за телото нема од Кремљ, ниту досега Кремљ се огласи за случајот. Повеќе воени експерти во Британија изјавија дека зад несреќата стои руската безбедносна служба ФСБ, генералите Шојгу и Герасимов или лично Путин.
Според податоците на сајтот ФлајтРадар во само 32 секунди пред да почне да паѓа авионот неочекувано неколку пати ја сменил височината на летање. Висината била губена, а авионот пробувал пак да ја постигне. Од рамномерен лет на 8.500 метри авионот се качил на 9,150 метри за потоа да се спушти на 8.400. Пред да почне нагло да паѓа авионот се израмнил на височина од 8.900 метри.
Последните информации за авионот службата на ФлајтРадар ги добила кога тој бил на височина од околу 6.000 метри.
постојано ја зголемуваше и ја губеше висината пред фатално да се урне во рускиот регион Твер, според извештајот на „Флајрадар24“.