ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА ХОСПИТАЛИЗИРАНА Легендарната пејачка со Брза помош била однесена во болница
Легендарната музичарка Терезија Кесовија вчера со возило на Брза помош од својот дом била пренесена во загрепската болница во Дубрава, пишува „Јутарњи лист“.
Легендарната музичарка Терезија Кесовија вчера со возило на Брза помош од својот дом била пренесена во загрепската болница во Дубрава, пишува „Јутарњи лист“.
View this post on Instagram
„Што се случи? А што ќе се случеше? Не беше добро. Јас преферирам за тоа да не се пишува, бидејќи има луѓе на кои им е многу полошо од мене“, рекла Тереза, а потоа објаснила дека ѝ се стемнило пред очите, дека почнала да се онесвестува и ја облеала ладна пот. Таа додала и дека се надева дека утре ќе биде пуштена од болница.
View this post on Instagram
Брзата помош вчера дошла двапати да ја земе Тереза, но во болница ја однеле само вториот пат.
„Подобро сум. Тука во Нова болница имам убава и мирна соба, прекрасни лекари и медицински сестри кои се грижат за мене. Синоќа нормално спиев. Добро, ме разбудија во шест часот наутро за да ми земат крвта, што кај мене беше доста болно и тешко бидејќи имам „тенки вени“ – со измачен глас рекла Тереза Кесовија за „Јутарњи лист“, која вчера со возило на Брза помош била пренесена во загрепската болница.
ФОТО: Инстаграм