ГО ЗАТРУПАЛА ЗЕМЈА ОД КАНАЛОТ Работник од Албанија починал во Челопек

95

Во тетовската Клиничка болница вчера попладне без знаци на живот бил донесен Л.Б. (54) од Република Албанија, информира МВР.

„Додека изведувал градежни работи во тетовски Челопек, околу 14.30 часот врз него се урнала земја во каналoт што го копале. Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување на лекарска помош, по што на пат за тетовската Клиничка болница починал“, се наведува во соопштението.






Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција.

Поврзани содржини