ИМА ЗА ВОЈНИ, НЕМА ЗА ЛЕБ Папата Франциско повика да се трошат помалку пари за воени цели

Да ги охрабриме луѓето да го положат оружјето, да ги намалат воените трошоци во корист на хуманитарните потреби и да ги направат инструментите на смртта инструменти на животот“ - објави Папата на Твитер.

136

Ако се трошат помалку пари за воени цели ќе има повеќе за хуманитарни цели – порача денеска папата Франциско упатувајќи апел за поголема хуманост.

„Наша должност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од човечките срца. Да ги охрабриме луѓето да го положат оружјето, да ги намалат воените трошоци во корист на хуманитарните потреби и да ги направат инструментите на смртта инструменти на животот“ – објави Папата на Твитер.






Папата не ја стави најавата во некој конкретен контекст, но 19 август е Светски ден на хуманитарната помош на ОН.

Поврзани содржини