📽 МАГИЈА НА МЕСИ ВО МАЈАМИ Погодок од 25 метри и прво финале со Интер
Аргентинецот беше предводник на својот тим во победата против Филаделфија со 4-1 што на Интер Мајами му обезбедува финале во Лига Купот.
Лионел Меси постигна уште еден маестрален гол и го однесе Интер Мајами во финалето на Лига Купот. Иако на вчерашниот тренинг се пожали на повреда на скочниот зглоб, Аргентинецот сепак, беше предводник на својот тим во победата против Филаделфија со 4-1 што на Интер Мајами му обезбедува финале.
Интер Мајами поведе во третата минута со голот на Мартинез. а на средина од првиот дел Меси со удар од 25 метри го совлада голманот Блејк и зголеми на 2-0. Атрактивниот гол на капитенот беше најава за големиот триумф на тимот од Мајами.
LIONEL MESSI WHAT A GOAL 🤯
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) August 15, 2023
Жорди Алба со првиот погодок за својот нов тим го зголеми водството на 3-0 и практично, ја запечати победата.
Во вториот дел двете екипи постигнаа по еден гол, Руиз за Интер Мајами и Бедоја за Филаделфија.
Интер Мајами во финалето ќе игра за титула со победникот од дуелот меѓу Монтереј и Нешвил.