ТРАГИЧНО ПОРОДУВАЊЕ ВО САД Докторка му ја откинала главата на бебето
Според адвокатот на семејството, докторката и медицинскиот персонал во болницата не го пријавиле грозоморниот инцидент во полиција. Родителите од погребалното дознале дека нивното бебе е обезглавено.
Најрадосниот момент во животот за Американката Џесика Рос и за нејзиниот партнер Тревор Тејлор, се претворил во трагедија и траума кои на породувањето во болница во округот Клејтон во Џорџија го загубиле својот син поради по фатална грешка на докторката која му ја „откинала“ главата на бебето.
Докторката од Трејси Сент Џулијан и болницата сега се соочуваат со тужба за трагичното пордување во јули годинава.
Случајот доби големо внимание во американските медиуми кои пренесуваат детали од трауматичниот настан.
-Кога се отвори утробата, стапалата излегоа, телото излезе, а главата ја немаше. Д-р Трејси Сент Џулијан додека се обидуваше да го породи бебето, толку силно ги повлече главата и вратот на бебето што коските на черепот, лицето и вратот се искршија – изјави Родерик Едмонд, еден од адвокатите на родителите на бебето.
@scibodytherapy Dr Tracey St Julian is being sued for gross negligence by Jessica Ross and Treveon Taylor, whose son died at Southern Regional Hospital during a complicated birth. #anatomy #educationalpurposes #obgyn #news ♬ original sound – Josh Cottle
Родителите сега ја тужат докторката Трејси Сент Џулијан, болницата и неколку медицински сестри кои учествувале во породувањето. Тие се товарат за крајно невнимание и прикривање на случајот.
Адвокатот Едмонд открива и други уште повознемирувачки детали за тоа што се случило во родилната сала.
-Откако бебето било цврсто завиткано, главата била ставена на ќебето за да изгледа дека главата на бебето е закачена, иако не била – открива адвокатот.
Според адвокатот, докторката Џулијан и медицинскиот персонал во болницата не го пријавиле грозоморниот инцидент во полиција. Родителите од погребалното дознале дека нивното бебе е обезглавено.
-Д-р Џулијан дури тогаш му кажа на семејството што всушност се случило. До тој момент тие го убедуваа семејството да го кремира бебето. Нивните соништа и надежи се претворија во кошмар – рече адвокатот.
Полициската управа на округот Клејтон отвори истрага за смртта на бебето. Случајот доби дополнителен заплет бидејќи од регионалната болница во Клејтон во која се случил трагичниот настан во официјално соопштение за медиумите тврдат дека докторката Сент Џулијан која го извршила породувањето, никогаш не бил вработена во болницата.
Dr Tracey St. Julian was suppose to deliver a baby but instead she didn’t follow procedures which led to a baby head being pulled off during delivery. This happened at Southern Regional in Riverdale, GA. pic.twitter.com/HnNCq7vl2j
— Steph🙆🏾♀️ (@Stephquees) August 10, 2023