ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ На „Табановце“ и „Богородица“ се чека по половина час
На останатите гранични премини нема подолги задржувања, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.
Околу 30 минути е задржувањето на најфреквентните гранични премини за влез и излез од државата.
На граничните премини Табановце и Богородица попладнево поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу половина час, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.