ПО 13 ГОДИНИ КОНЕЧНО ЌЕ ЈА ЧЕПНАТ Позитивната листа ќе се ажурира со нови лекови, но никој не знае од кога ќе се користат
Тимот кој ќе работи на новата листа го сочинуваат претставници од претставници од министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови, доктори специјалисти. Министерот вели дека не може да се одреди тајминг, работите ќе се одвивале спонтано по апликација на фармацевтските компании.
По повеќе од една деценија конечно ќе се ревидира позитивната листа на лекови, односно медикаментите што граѓаните можат да ги земат од аптека на товар на Фондот.
Министерот за здравство Фатмир Меџити ја претсави Комисијата од стручни лица која ќе има обврска да се состанува двапати месечно и да ги разгледува барањата од фармацевтските компании, а потоа тој и управниот одбор на Фондот за здравство ќе дадат одговор, дали лекот ќе се најде на позитивната листа.
Тимот го сочинуваат претставници од претставници од министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови, доктори специјалисти. Министерот вели дека не може да се одреди тајминг, работите ќе се одвивале спонтано по апликација на фармацевтските компании.
– Формирана е стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лековите на товар на Фондот. Оваа комисија континуирано ќе работи на изменување и дополнување на позитивната листа на лекови и верувам дека, конечно, по долг период, ќе воспоставиме функционален систем со цел задоволување на потребите на пациентите со соодветни терапии. Комисијата е составена од експерти во оваа област, односно претставници од Министерството за здравство, Фондот, Агенцијата за лекови, Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија како и универзитетските клиники. Се надевам дека фармацевтските компании ја подготвуваат документацијата да одговараат на правилникот и ќе стигнат првите апликации – рече денес министерот Меџити.
Претседателката на стручната Комисијата, Љубица Шутуркова вели дека Комисијата ќе работи според правилник, кој е усогласен со европските правилници кои се со години на сила. Нагласи дека ќе има бодување според одредени критериуми. Одговори дека ретките болести не се предмет на оваа комисијата.
– По 13 години повторно имаме можност да ја ревидираме листата и да имаме поголема достапност со ограничените македонски ресурси за здравство што ги имаме за иновативни лекови. Новиот Правилник за ставање лек на позитивната листа е усогласен со европските правилници што се со години во сила во Европската Унија. Нови критериуми врз основа на кои комисијата ќе ги бодува доставените барања се значење на лекот од аспект на јавно здравје, односно терапевтско значење на лекот, релативна терапевтска вредност на лекот, фармако-еконосмки аспекти што за првпат се воведува како новина, етички аспекти за употреба на лекот како и дополнителни податоци од референтни извори и научни сознанија и листи на лекови кои досега се наоѓаат или се покриваат од фондовите за здравствено осигурување во регионот – рече претседателката Шутуркова
Последните три години околу 80% од пациентите со цистична фиброза немале направено компјутерска томографија. Пред неколку дена, сите лица направиле снимки затоа што тоа е основен критериум за добивање на трикафтата. Одговор од здравствените власти нема за тоа до каде е набавката на лекот, но и дали списокот од првичните 12 ќе се проширува.
Пред само неколку дена и лицата со хепатит б лично му кажаа на Меџити дека очекуваат нивата терапија да се најде на позитивната листа.