Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа утре од 08.30 до 11 без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Герника во населбата Драчево во Општина Кисела Вода, а од 08:50 до 15:50 часот, корисниците од село Катланово во Општина Петровец, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Без струја утре од 11:30 до 14:30 часот ќе бидат и корисниците од село Љубин во Општина Сарај и од село Страхојадица во Општина Зелениково, каде прекинот ќе биде од 12.30 до 15 часот.