Десетмина планинари, меѓу кои и македонскиот истакнат алпинист, кардиологот Сашко Кедев, утрово по локално време се искачија на врвот Нанга Парбат (8.125 м.) на планинскиот масив Каракорум во Пакистан, јавува „Nepal News“
Можеби ќе ве интересира
По Нанга Парбат, д-р Кедев со истиот тим ќе се искачи и на GI и GII (Гашербрум 1 и 2), два други врва во Пакистан повисоки од 8.000 метри. По ова, тимот ќе учествува и во експедицијата на К2 (8.611 м.) – вториот врв по височина во светот.
Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и „покривот на светот“ – Еверест, во 2009 година. Пред две години, кардиологот го искачи и врвот Манаслу, (8.156) метри е осмиот највисок планински врв на планетата.