СЕВЕРОТ НА КОСОВО МОЖЕ ДА СТАНЕ НОВИОТ ДОНБАС Еди Рама ги предупреди челниците на состанокот на НАТО
Не сакаме да го видиме крајот на Западен Балкан, бидејќи направивме многу добра работа, предупреди Рама.
Изгледите за создавање Донбас среде Балканот поради ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово е вистинска закана, предупреди албанскиот премиер Еди Рама.
– Сите ние мора да направиме нешто за да го спречиме ова, со промовирање на дијалогот, подигање на високо ниво во Европската унија, со поддршка на САД и јасно ставање до знаење преку НАТО дека КФОР ќе биде таму за да гарантира и воспостави целосен интегритет за какво било нарушување што може да настане поради неодговорна ескалација – рече Рама во вторникот на заедничка пресконференција на НАТО каде присуствуваше и генсекот Јенс Столтенберг, објави Албаниан Пост.
Тој изрази надеж дека ќе надвладее разумот и деескалацијата, бидејќи, како што рече, натамошната ескалација на ситуацијата може да донесе „катастрофален крај“.
– Не сакаме да го видиме крајот на Западен Балкан, бидејќи направивме многу добра работа – рече Рама.