ВО ЧЕТИРИ ОЧИ Ковачевски и Мицкоски ќе ги соочат аргументите за уставните измени

127

Почна лидерската средба меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски, закажана за денеска во Клубот на пратеници.


Ковачевски дојде прв во Клубот на пратеници






На средбата ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата. Ковачевски повика опозициската партија да поддржи уставни измени, додека ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот дека уставни измени под бугарски диктат нема да има.

 

По барање на Мицкоски средбата е тет-а-тет

Според владиното соопштение од понеделникот, на средбата Ковачевски-Мицкоски ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на земјата, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, исто така во понеделникот соопштија дека ставот на партијата е оти уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор.

– Очекуваме Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство – посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

МОЖНО Е ДА СЕ ДОГОВОРАТ САМО АКО СЕ ЈАВИ НЕКОЈ „ОД ГОРЕ“ Кои се очекувањата од лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски?

 

 

 

Поврзани содржини