СОНЦЕ ДО ПЛАДНЕ, А ПОТОА ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ Првиот јунски ден со променлив табиет

Во прогнозата и за следните три дена УХМР предвидува умерено облачно време и можни поројни дождови во попладневните часови.

783
Денеска не очекува променливо време. До пладне се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УХМР прогнозира дека наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурите ќе се движат од минимални 9 до максимални 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурите ќе се движат меѓу 13 и 26 степени.

Во прогнозата и за следните три дена УХМР предвидува умерено облачно време и можни поројни дождови во попладневните часови.

Поврзани содржини