СРПСКАТА ВОЈСКА НЕМА МОЌ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО Рама вели дека тоа е како мексиканската војска да дојде на границата со САД
Исто е како мексиканската војска да се појави на границата со САД. Што може да направи (српската војска)? Со должна почит, бидејќи го сакам Мексико, но она што може да направи е ништо, апсолутно ништо, рече Рама на форумот ГлобСек во Братислава.
Албанскиот претеседател Еди Рама ја коментираше ситуацијата на северот на Косово каде изминативе денови се судрија косовските Срби и единиците на КФОР, а десетици лица беа повредени од двата табори.
Според Рама српската армија на границата со Косово има моќ еднаква на нула.
– Се фокусирав на она што беше напишано. Српската армија на границата. Ова е најневеројатниот приказ на внатрешната политика, бидејќи српската армија на границата со Косово има моќ еднаква на нула. Исто е како мексиканската војска да се појави на границата со САД. Што може да направи? Со должна почит, бидејќи го сакам Мексико, но она што може да направи е ништо, апсолутно ништо. Тоа е за внатрешна политика – рече Рама кој присуствува на ГлобСек форумот кој се одржува во Братислава, Словачка.
🇦🇱 PM Edi Rama at the GLOBSEC forum spoke about Serbia’s army at the border with Kosovo:
It’s a show. Serbian army in Kosovo’s border has zero power.
It is the same as if the Mexican army would appear in the borders with the United States. What can it do? Absolutely nothing. pic.twitter.com/00QXMqUBIG
— kos_data (@kos_data) May 31, 2023
Протестите на Србите во трите општини на северот на Косово денеска продолжија мирно, а срспки знамиња беа поставувани на барикадите.