“PUMPED WITH ENERGY (ИСПОЛНЕТА СО ЕНЕРГИЈА) – OPEL MOKKA ELECTRIC“ Кампања за електрификација на Оpel
Opel е прогресивен бренд – фокусиран на најважното. Ја водиме електрификацијата напред за да им овозможиме на нашите клиенти да уживаат при возење без емисија и инспиративна, привлечна мобилност. Сето ова е отелотворено во нашиот неверојатен SUV модел – Opel Mokka Electric – вели потпретседателот за маркетинг на Opel.
“Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric!” Ова е тврдењето на новата европска кампања на Opel за најпродаваниот електичен SUV на „Blitz“. Opel Mokka е смела, елегантна и пред сè: електрифицирана. Mokka Electric не само што овозможува одговорно уживање при возењето со нула емисии, исто така вистински привлекува погледи. Буди емоции и чувството „го сакам“. И исто како и Mokka Electric, клипот и сите придружни дигитални и печатени формати се издвојуваат. Бидејќи „ѕвездата“ покрај самата Mokka Electric, е светло жолт кабел за полнење што оживува кога ќе наиде на привлечниот SUV.
– Opel е прогресивен бренд – фокусиран на најважното. Ја водиме електрификацијата напред за да им овозможиме на нашите клиенти да уживаат при возење без емисија и инспиративна, привлечна мобилност. Сето ова е отелотворено во нашиот неверојатен SUV модел – Opel Mokka Electric – и совршено се одразува во новата кампања, каде што дури и кабелот за полнење е заведен од моделот. Можете да ја почувствувате енергијата што ја зрачи овој автомобил. И не само на ТВ, исто е во сите медиумски формати. Со своите перформанси, најсовремена технологија и дизајн, Opel Mokka Electric е исполнета со енергија! – изјави Rebecca Reinermann, потпретседател за маркетинг на Opel.
“Pumped with energy” (Исполнета со енергија): Opel Mokka Electric го заведува кабелот – „кобрата за полнење”
Кампањата се одвива во живо низ Европа од 15 мај во различни медиумски формати. Во клипот, кој сега се емитува на главните ТВ канали, кабелот за полнење се лизга околу Mokka Electric како кобра, очигледно фасциниран од компактното, неконвенционално електрично возило на Opel. Прво, кабелот нежно се лизга преку смелиот и елегантен капак на мотор, а потоа ја проверува внатрешноста со целосно дигиталниот кокпит Pure Panel. Конечно, се отвора вратичката за полнење. “Chrging cobra” („Кобратa за полнење“) не покажува двоумење и се впушта да ја снабди Mokka Electric со енергија.
Daniel Schweinzer, извршен креативен директор на Jung von Matt HAVEL, изјави: „Многу брендови на автомобили практично ги кријат електричните кабли во нивната комуникација. Со нашата кампања за Mokka, го правиме спротивното: покрај главниот лик го истакнуваме и кабелот како симбол на електричната мобилност. И, се разбира, кабелот е веднаш заведен од Mokka – очигледно еден од најатрактивните електрични автомобили на пазарот“.
Јасна изјава: вредностите на брендот и карактеристиките на Mokka Electric накратко
Mokka беше првиот модел на Opel кој го носеше лицето на брендот Opel Vizor и Pure Panel кокпитот. И тоа беше првото возило во портфолиото на германскиот производител на автомобили кое беше достапно како електрична верзија уште од самиот почеток. Со тоа го отвори патот за понатамошните модели на Opel и столбовите на брендот – Modern German (Модерен германски дух), Greenovation и Detox (Детокс). Исто така, ужива постојана популарност и стана бестселер низ Европа. Минатата година целосно електричната верзија веќе сочинуваше 29 % од целата продажба на Mokka. Во Германија тој број беше уште поголем и изнесуваше 43 %.
Автомобилот е буквално полн со енергија – а одговорните во агенцијата Jung von Matt HAVEL, кои работат за Opel од почетокот на годината, сумираа што го карактеризира брендот и особено Mokka Electric во нивната прва кампања за производителот на недвосмислен, емотивен и допадлив начин.
Искусете ја Mokka Electric: на сите канали
Тврдењето „ Pumped with energy (Иполнета со енергија) – Opel Mokka Electric“ може да се види низ Европа на сите популарни канали: покрај ТВ-рекламирањето, Opel користи големо, дигитално рекламирање „надвор од домовите“, во градовите за да го привлече вниманието кон новата кампањата и Mokka Electric. Покрај тоа, видеата, рилсовите и слично ќе ја рашират веста на социјалните мрежи и другите дигитални канали. И, се разбира, рекламите со голем формат ќе се појавуваат во високо тиражните печатени медиуми.
Добитникот на наградата „Златен управувач 2021“ не само што ги привлекува погледите со својот смел, елегантен дизајн – тој импресионира и со своите перформанси. Електричниот мотор со 100 kW/136 КС и 260 Nm максимален вртежен момент овозможува моќно и тивко возење. Со батеријата од 50 kWh може да поминете до 338 km без емисија на штетни гасови според WLTP. Регенеративниот систем за сопирање ја прави Mokka Electric уште поефикасна. Ова овозможува да се поврати енергијата при возење или сопирање. А батеријата може да се наполни до 80 проценти за околу 30 минути користејќи станица за полнење со директна струја од 100 kW.
Еуроимпекс , генерален увозник на ОPEL за Македонија
Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.
Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020 година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.