ПРОДОЛЖУВА ПРОМОТИВНАТА КАМПАЊА ЗА ПОРОДУВАЊЕ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ Идните мајки може да бираат помеѓу три понуди
Идните мајки можат да го одберат нивото на услуги и дополнителни бенефиции што најмногу одговара на нивните потреби. За таа цел, достапни се трите пакети – Baby Classic, Baby Premium и Baby Premium +.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ продолжува со промотивната кампања за породување, овозможувајќи им на идните мајки пристап до врвна медицинска грижа, искусен тим и современи услови за безбедно и пријатно породување. Во најсовремено опремениот центар за породување во земјава и регионот, мајката и новороденчето се во фокусот на вниманието, со грижа и поддршка во секој момент од ова значајно животно искуство.
Промотивната цена за природно породување, односно пакетите Baby Classic, изнесува 90.000 или 100.000 денари, во зависност од изборот на доктор, додека за породување со царски рез цената изнесува 110.000, односно 120.000 денари.
Пакетите Baby Classic опфаќаат повеќе услуги потребни за безбедно и удобно породување: спинална или епидурална аналгезија за безболно породување, престој од 3 до 4 дена во двокреветна соба, предоперативен прием и потребните лабораториски анализи за трудницата. Во пакетот се вклучени и аудиолошки скрининг на новороденчето за време на болничкиот престој, како и една бесплатна контрола кај неонатолог во првиот месец по раѓањето.
Секое бебе родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ станува дел од Acibadem Sistina BABY, специјална програма за лојалност преку која добива право на 10% попуст на сите здравствени услуги во болницата во текот на целиот живот. Попустот се однесува на амбулантските и хоспиталните услуги, со исклучок на услугите што веќе вклучуваат попуст или се дел од друг промотивен пакет. Истата поволност од 10% попуст на здравствените услуги ја добива и мајката по породувањето и ја користи во текот на целиот живот.
Секоја мајка добива и подарок – специјално дизајнирана брендирана бебешка торба со практична повеќенаменска употреба. Таа може да се користи како подлога за преслекување и менување пелени, перница и прекривка за бебето, а содржи и едукативни книги и материјали, лепенка за автомобил, како и пакет производи за нега и бебешка опрема.
ИЗБОР НА ПАКЕТИ ЗА ПОРОДУВАЊЕ
Идните мајки можат да го одберат нивото на услуги и дополнителни бенефиции што најмногу одговара на нивните потреби. За таа цел, достапни се трите пакети – Baby Classic, Baby Premium и Baby Premium +.
Во Baby Premium пакетите се вклучени сите бенефиции за трудницата и новороденчето, кои може да ги искористи со претходна уплата од 20.000 денари. Во пакетите Baby Premium + е вклучен и бесплатниот NIPT-тест, кој може да се искористи со претходна уплата од аванс од 60.000 денари. Сите детали за пакетите можете да ги прочитате на следниов линк.
КРЕДИТ „МЕДИПЛУС BABY“ ЗА ПОРОДУВАЊЕ БЕЗ КАМАТА
За дополнително олеснување на финансиското планирање, трошоците за породување може да се подмират и на рати преку кредитот „Медиплус Baby“, со можност за отплата до 60 рати без камата.
Наменскиот кредит се одобрува во рок од еден ден од Алта банка, овозможувајќи им на идните родители поедноставно да ги испланираат трошоците поврзани со породувањето.
ГОДИНИ ДОВЕРБА ВО ГРИЖАТА ЗА МАЈКАТА И БЕБЕТО
Во изминатите 25 години, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ изгради препознатлива традиција во грижата за мајката и новороденчето, обезбедувајќи современа дијагностика, медицински третман и поддршка во секоја фаза од бременоста, породувањето и периодот по раѓањето. Во рамки на болницата функционира и првата приватна Педијатриска болница со педијатриски ургентен центар, а дополнителна сигурност за најмалите пациенти обезбедува современата Единица за неонатална интензивна нега.
Со континуирано следење и примена на современите светски медицински достигнувања во гинекологијата, акушерството и неонатологијата, „Аџибадем Систина“ продолжува да обезбедува високи стандарди на медицинска грижа, сигурност и поддршка за мајката, бебето и целото семејство.