ВНАТРЕШНАТА КОНТРОЛА НА МВР ЌЕ ОТКРИВА ЗОШТО ПОЛИЦАЕЦОТ ГО УДРИ РАКОМЕТАРОТ ПО ГЛАВА Филип Талески не се пожалил на полицаецот, велат од МВР
Од МВР информираат дека по вчерашниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи Еурофарм Пелистер од Битола и Вардар од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4.000 лица.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет во врска со инцидентот и случувањата на финалето на КУП на Македонија кога полицаец го удри по глава со пендрек ракометарот Филип Талески.