„МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ“ НЕ Е СЕРВИЛНА ВО НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА Мицкоски во Битола најави изборна победа со 61 пратеник

„Народот сам нека процени кој е крадецот, а кој е кочничарот, ама на крадецот на тој што лаже му се кратки нозете, а и срцето му е мало и не очекувам одговор од кукавица“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, откако го повика премиерот Димитар Ковачевски на телевизиски дуел.

790

„Ова е Македонија на заедништво и нов заеднички патриотизам на рамноправни. Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит. Нашата борба е вредности, идеал и кауза. Нашата борба е да ја обновиме Македонија. Промените да победат, за заедничката иднина, а промените ќе дојдат”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Битола во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за мнозинство во парламентот од 61 пратеник.






– Ќе имаме три опции на следните избори. Tоа е оваа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, втората опција е коалицијата на ДУИ, помалиот партнер СДСМ и неколкумина измеќари кои ќе се обединат околу двоецот Зечевиќ – Ковачевски и третата, најопасната, се оние кои со евтин популизам и договорен патриотизам ќе излегуваат и ќе се обидат да го поделат македонскиот гласач и да ја намалат победата на ВМРО-ДПМНЕ да не дојде до 61 пратеник. Зошто ? Затоа што на тој начин ќе ја зајакнат позицијата на Али Ахмети и ДУИ во процесот на преговори, а ние не сакаме со нив Влада, ние сакаме Влада без Али Ахмети и ДУИ затоа треба да излеземе масовно – рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повика Димитар Ковачевски на ТВ соочување за македонските граѓани да ги видат фактите за договорот за дел од коридорите 8 и 10д, „да видат граѓаните како се трошат народните пари, а штом од власта се фалат дека тој договор е добар, нема потреба Ковачевски да бега“.

– Народот сам нека процени кој е крадецот, а кој е кочничарот, ама на крадецот на тој што лаже му се кратки нозете, а и срцето му е мало и не очекувам одговор од кукавица – рече Мицкоски.

Антонио Милошоски на трибината во Битила рече дека владата на ДУИ и СДС создала ситуација во која ние имаме драматично влошување на односите со Бугарија, на поголема штета на Македонија. Зброувајќи за договорот со „Бехтел и Ебка“, тој нагласи:

– Власта го чува овој договор во тајност, зашто самите комесари во Брисел ќе видат дека презеле обврски спротивни на обврските преземени со Договорот за стабилизација и асоцијација. Оваа влада, доколку продолжи да се однесува на ваков начин, ставајќи ја корупцијата во преден интерес, не би изненадило да се зголеми ризикот и во иднина да добиеме блокада од земји како Холандија или Данска, токму заради прекршување на одредбите од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.  Власта само ги нарушува стандардите и имиџот на Македонија во ЕУ. Сметаат дека со сервилност ќе направат големо дело и дека добиваат аплауз на денот, но доколку се сервилни и потпишуваат секакви договори и барања, тие не само што не прават услуга и ги погазуваат европските вредности туку и ја доведуваат државата во потчинета ситуација и ја покануваат следната уцена.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски рече:

– Секаде имаме неуспеси, никаде немаме резултати, а веројатно најголемите неуспеси и порази во последните шест години се во полето на надворешната политика со обиди за обезличување на Македонија, обезличување на идентитетот на Македонецот и распродажба на интересите со попустлива надворешна политика која не постигнува опипливи резултати.

На трибината свое обраќање имаше и претставникот на Унијата на млади сили, Тодор Конески којшто истакна дека неговата генерација како млади луѓе во Македонија имаат направена една многу голема заложба, дека тие се таа генерација која сакаат да го направат финалниот пуш за да ја направат и да ја видат Македонија во Европската Унија.

Поврзани содржини