ЗОШТО НЕМА ОТПУСНА ЛИСТА 12 ДЕНА? Родилката од Битола чии бебе почина се сомнева дека нешто се крие
Крстевска, на Фејсбук соопшти дека вчера била да го побара документот на гинеколошкото одделение, но одговор зошто не ѝ се издава не добила.
Викторија Крстеска, родилката чие бебе почина на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница се жали дека и по речиси две недели не ја добила отпусната листа. Тоа се сомнева дека нешто се крие во врска со нејзиниот случај, а се сомнева и во обдукцискиот наод.
Во објава на Фејсбук Крстеска таа се прашува зошто не е испишана икако ја напуштила болницата пред 12 дена.
Како што пишува таа, вчера била да го побара документот на гинеколошкото одделение, но одговор зошто не ѝ се издава не добила. Крстевска се сомнева и во обдукцискиот наод кој, вели, може да биде наместен.
Крстеска и претходно се огласи по трагичниот настан. Најави дека нема да отстапи од барањето правда, но и дека дел по дел ќе обелодени сѐ.
На 10 април само 2 часа по породувањето во битолската болница почина нејзиното бебе. Крстеска имала нормална бременост. Министерот за здравство Фатмир Меџити тогаш најави дека случајот итно ќе биде испитан.