ДА ИМАМЕ АМЕРИКАНСКИ МОДЕЛ ЗА ИСПЛАТА ВО ЗДРАВСТВОТО Беќаровски го коментира зголемувањето на платите на функционерите

Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи, вели Беќаровски.

365

Д-р Нико Беќаровски преку неговиот профил на Фејсбук често реагира за актуелните состојби во Македонија. Докторот реагираше за зголемувањето на платите на функционерите и предложи да се земе американскиот модел за исплата и во македонското здравство.

„Бруто платите на американските конгресмени и сенатори се 174.000 $ годишно.






Просечната бруто плата исплатена на докторите специјалисти во САД е 234.000 $ годишно за специјалистите по јавно здравје до 554.000 за пластичните хирурзи.

Од денес нето платата на македонските парламентарци без патни трошоци, без пресметан стаж, без дневници за патување итн е само 110.000 денари.

АЈДЕ ДА ГО ЗЕМЕМЕ АМЕРИКАНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ИСПЛАТА И ВО МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО“, напиша Беќаровски.

Денеска е светскиот ден на здравјето.

Македонското лекарско друштво денеска организира свечен собир по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април. Како што соопштуваат од Македонското лекарско друштво, темата на годишниот настан е „Здравје за сите”.

Светската здравствена организација (СЗО) по повод својата 75-годишнина, денеска предупреди на растечкиот јаз во персоналот во глобалниот здравствен систем.

До 2030 година ќе има недостиг од околу 10 милиони професионалци ширум светот, изјави во Женева шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Поврзани содржини