ГОСТИВАРЧАНКА ЌЕ ГИ СЕФТОСА НОВИТЕ КАЗНИ? Им се заканувала на лекари и на сестри со нож!
Б.Ј.(32) од гостиварско село, во гостиварската Модуларна болница со остар предмет им се заканувала на вработените и оштетила дел од внатрешниот инвентар – информира СВР Тетово.
Гостиварчанка на возраст од 32 години е уапсена вчера откако во гостиварската модуларна болница со нож им се заканувала на вработените и оштетила дел од инвентарот – информира полицијата.
СВР Тетово соопшти дека вчера (30 март) околу 13 часот и 40 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода Б.Ј.(32) од гостиварско село, која во гостиварската Модуларна болница со остар предмет им се заканувала на вработените и оштетила дел од внатрешниот инвентар.
Полицијата вели дека се расчистува случајот и дека против жената ќа биде поднесена соодветна пријава.
Според неодамнешните измени во Кривичниот законик, напад врз медицинско лице се смета како напад врз службено лице, се гони по службена должност и се казнува со парична казна, како и со затворска казна од шест месеци до пет години.
НАПАД ВРЗ ЛЕКАР КАКО НАПАД ВРЗ ПОЛИЦАЕЦ Во Кривичниот законик внесени високи затворски казни