ШПАНЕЦОТ ГО НАПУШТА „ОЛД ТРАФОРД“? Голманот Де Хеа го одбил новиот договор од Манчестер Јунајтед

Де Хеа со неделни примања од 425.000 евра е меѓу најплатените фудбалери во Премиер лигата.

383

Шпанскиот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, одби да ја продолжи соработката со клубот од „Олд Трафорд“, пренесуваат денеска медиумите во Шпанија.

Тренерот Ерик тен Хаг е задоволен од настапите на 32-годишниот Де Хеа оваа сезона и побарал од клупското раководство продолжување на договорот, но Шпанецот ја одбил понудата да потпише нов договор која вклучувала намалување на платата.






Де Хеа со неделни примања од 425.000 евра е меѓу најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Шпанскиот голман дојде во Манчестер Јунајтед во 2011 година и има договор до крајот на сезоната.

Поврзани содржини