АПЕЛАЦИЈА НЕ УСПЕАЛА УРЕДНО ДА ГИ ПОКАНИ ОБВИНЕТИТЕ ВО „ТИТАНИК 2“ Делото за Мијалков застаре

Поради непостоење законски услови за одржување на расправата, Апелација ја одложи и ја презакажа за 13 април.

950

Само поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими, заедно со нивните бранители, се појавија на денешната јавна расправа во скопска апелација по предметот Титаник 2.

Судот не успеал уредно да ги покани Мендух Тачи, Анета Стефановска, Сашо Срцев и Влатко Сајковски за денешното рочиште, со оглед на фактот дека в понеделник попладне апелационите судии одлучиле јавно да го објават датумот и паралелно да ги доставуваат поканите до обвинетите.






Единствено Сашо Мијалков во струшкиот затвор ја добил поканата за рочиштето, а Бедредин Ибраими одлучил да дојде откако видел дека во некои медиуми, во понеделникот вечер, било објавено дека рочиштето ќе се одржи за два дена.

Поради непостоење законски услови за одржување на расправата, Апелација ја одложи и ја презакажа за 13 април.

Плусинфо веќе пишуваше дека делото кое му се става на товар на Мијалков застаре уште пред да биде закажанао ова рочиште, со оглед на фактот дека тоа е извршено на 27 март 2013 година во 23 часот, кога е извршен телефонскиот разговор со Тачи, кој е единствениот доказ против него приложен од СЈО.

Според наши информации, постоеле притисоци врз судот да биде заобиколен законот и наместо да се цени моментот на извршување на делото (кој во случајов е познат), при оценувањето на застареноста да се цени времето кога настанале последиците, односно 7 април.

Со последната одлука на Апелација, стануваат беспредметни притисоците бидејќи и тој термин е сега поминат, односно настапува апсолутна застареност за 10 години.

Плусинфо веќе пишуваше за скандалите кои го следеа овој предмет.

„ТИТАНИК 2“ ЗА МИЈАЛКОВ ЗАСТАРЕ! Судот под притисок се резили со незаконски ноќни медиумски покани

СКАНДАЛ ДО СКАНДАЛ СО „ТИТАНИК 2“ Основниот суд не смеел да го игнорира правото на Тачи да се жали, но зошто Апелација го прошетала предметот и до Вишото јавно обвинителство?

Поврзани содржини