„НЕГОВАТА МАЈКА БИЛА ВО УЧИЛИШТЕТО КОГА СЕ СЛУЧИЛА ТРАГЕДИЈАТА“ Осмоодделенец си го одзел животот откако скокал од прозорецот на училницата
Бил вознемирен на часот, наставничката отишла кај него и разговарала со него. На половина час се гушеше...никој не можеше да претпостави дека ќе се случи вакво нешто, вели изворот на „Блиц“.
Осмоодделенецот С.Ф. (14) починал денеска откако скокнал од прозорецот од училницата во основното училиште во Качарево. Трагедијата се случила на крајот од часот, пред очите на учениците и професорката по германски јазик кои во тој момент биле во училницата.
Како што пренесуваат медиумите во Србија, момчето седело во последната клупа, а кога заѕвонило ѕвончето истрчало и скокнало низ прозорецот.
– Тој на малиот одмор пред часот беше кај директорот, тој задоцни неколку минути на час. И мајка му денеска ја викнаа на разговор, беше на училиште. Бил вознемирен на часот, наставничката отишла кај него и разговарала со него. На половина час се гушеше…никој не можеше да претпостави дека ќе се случи вакво нешто – вели изворот на „Блиц“ и додава дека мајката на момчето била на училиште кога се случило сѐ.
Оние кои го познавале велат дека бил добар пријател и многу сакан во општеството.