ДРОНОТ ШТО ПАДНА БЛИЗУ МОСКВА Е ИСТ КАКО ТОЈ ВО ХРВАТСКА? Леталото повреди три лица во градот Киреевск

Според руското Министерство за одбрана(МО), дронот бил соборен со што била сменета неговата насока и паднал во Киреевск.

2,461

Дрон од типот Ту-141 Свифт во неделата падна на 150 километри од Москва во Киреевск во регионот Тула. Руските медиуми велат дека ист таков беше дронот кој лани падна во Загреб, пишува Индекс. Според агенцијата Тасс, се работи за дрон од украинско потекло.

Леталото кое денеска експлодираше близу Москва било полно со експлозив. Во инцидентот повредени се три лица, делумно оштетени се три станбени објекти.






Според руското Министерство за одбрана(МО), дронот бил соборен со што била сменета неговата насока и паднал во Киреевск.

„Комплексот за електронско војување „Пол-21“ изврши удар врз украински ударен дрон, поради што неговиот навигациски систем беше оневозможен“, соопшти руското МО, пренесува РИА.

На местото на ударот во моментот се ангажирани спасувачките служби и дека нема опасност по безбедноста на населението и инфраструктурата. Шефот на регионот Алексеј Дјумин веднаш бил информиран за експлозијата и ја координира работата на сите служби и натамошните активности.

Во неколку наврати Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за користење на овие дронови. Последен пат тоа се случи на почетокот на декември, кога Русите рекоа дека Украинците ги нападнале нивните воздушни бази со дрон како оној што падна врз Загреб.

Дронот Ту-141 Стриж е од советското време и повеќе личи на крстаречка ракета отколку на современ дрон.

ДРОНОТ ВО ЗАГРЕБ БИЛ УКРАИНСКИ Бомбата од 120 кила била наменета за руските сили

 

Поврзани содржини