ЧЕТИРИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ИЗБРКАНИ ОД РАБОТА ЗАШТО НЕ СЕ АЛБАНКИ!? Пратеник открива скандал во кумановскиот Здравствен дом
По овој настан, претседателот на ОО на СДСМ Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема – пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
Четири искусни медицински сестри од Здравствениот дом во Куманово се набркани од работа само затоа што се Македонки – обвини Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во објава на Фејсбук.
„Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните ограноци на СДСМ и на ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат за канидидати од ДУИ, а 4 од СДСМ, кои веќе 4 години работеле таму по договор.
Директорот, поставен од ДУИ си ги вработува сите 10 од ДУИ, според мои извори, со поделени 10 веќе решени тестови на тестирање, затоа што сметал дека сите 10 вработени треба да се Албанки. По овој настан, претседателот на ОО на СДСМ Тушевски доблесно си дал оставка, а пратеникот Костовски се крие и никаде го нема. Сега нови и неискусни медицински сестри ќе ги вакцинираат децата и ќе вршат домашна посета, додека искусните ќе седат дома без работа, само затоа што не се од ДУИ. Ги повикувам надлежните институции да го испитаат овој случај, да се поништи огласот и да се вработат стручни, квалитетни и искусни медицински сестри во Здравствениот дом Куманово“ – пишува пратеникот Петрушевски.