ДЕЦАТА ЌЕ УЧАТ ДОДЕКА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ПРОВЕРУВААТ? Нови протоколи при дојава за бомба

Според новите протоколи што ги подготвуваат МВР и МОН не се предвидува евакуација на училиштата и прекин на наставата.

318

Од денеска се менуваат протоколите за постапување во случај на дојава за бомба, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Поточно, како што појасни, тимовите на МВР повторно ќе прават проверки за да бидат сигурни дека дојавите се лажни, но наставата ќе продолжи.






– Не сме ја загубиле сајбер-војната и нема да ја загубиме. Ова се случува во голем број на држави членки на НАТО. Веќе МВР менува одредени протоколи – посочи премиерот, додавајќи дека денеска повторно ќе одржи состанок со раководствата на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за образование, за да се донеста дополнителни мерки, со цел да се овозможи редовна и непречена настава во училиштата.

Поврзани содржини