ОДРОНИ НА ПАТОТ ДЕЛЧЕВО-МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА Се работи на отстранување на пречката близу Луковица
Во моментот е регистиран одрон кај село Луковица, каде наши екипи работат на негово отстранување“, информираа од „Македонија пат“.
Попладневните врнежи од дожд предизвикаа одрони на патот Делчево – Македонска Каменица. Поголем одрон е забележан во близина на патот кон селото Луковица. Од „Македонија пат“ информираа дека нивни екипи работат на отстранување на одронот.
Од подружницата на „Македонија пат“ потврдија дека во период на обилни врнежи оваа појава знае да предизвика проблеми на овој патен правец заради што апелираат на внимателно возење.