Македонија – етаблирано провинцииче на Балканот

Зоки, легендата на пропуштените шанси, нобелот на расколот, жицата на прерушеното вмровство во секоја партија, свест и институција, преку семејството ќе биде блеклистед и конечно исфрлен од секоја политичка амбиција.

1,280

Една година траеше власта спасена од Алтернатива и од Кастриот, уште една ќе трае оваа деконструиранава и после ќе биде мајко мила плачење од овие ликови и нивните успиени граѓанско-(не)владини ќелии.

Уствари никој нема да може да го спаси СДСМ, кој неминовно ќе пропадне и ќе биде поделен, за најверојатно повторно од некого воскреснат.






Зоки, легендата на пропуштените шанси, нобелот на расколот, жицата на прерушеното вмровство во секоја партија, свест и институција, преку семејството ќе биде блеклистед и конечно исфрлен од секоја политичка амбиција.

Истиот цех ќе мора да го плати секоја партија, донирајќи една глава од партијата, за другите да продолжат да растат.

Левица ќе згази и со право, оваа политичко-општествена депресија, заслужува такви чегеваристички анахронизми, кои очигледно лепат кај она малкуте млади останати во земјата.

ВМРО свесно се подготвува да владее и да се придодаде на демократизираната десница на линијата Атина – Скопје – Белград – Будимпешта – Варшава.

Македонија, како етаблирано провинцииче на Балканот, послабо и од Приштина, после влезот на Бугарите во Уставот, ќе си живурка заборавена од западните канцеларии. И како празна школка, испукана петарда, кикирика без лушпа, распадната касаба и некропола од криминал и корупција, ќе си ги чека досадните денови за спас во ЕУ, како земја без поента и суштина, без народ и нација, како територијален и провинцијален декор на големата европска идеја.

Ќе се живее како и досега, кој за мизерна плата, кој за плата и криминал.

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини