ИМАЛЕ СТАНОВИ ВО СКОПЈЕ, НО ЗЕЛЕ ПАТНИ ТРОШОЦИ Пратеници наплатиле илјадници евра, а можеле да се возат со автобус на ЈСП
Дел од овие станови се лични имоти на пратениците, но има и такви кои се запишани на нивните брачни другари, родители или пак деца.
18 од 73-цата пратеници кои лани за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје, објави Сител.
На списокот на пратеници кои во анкетните листови кои доставиле до Антикорупциската комисија поседуваат имоти во главниот град се главно пратеници од двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Но, меѓу нив има по еден од НСДП, ЛДП и Алијанса.
Дел од овие станови се лични имоти на пратениците, но има и такви кои се запишани на нивните брачни другари, родители или пак деца.
Од оваа група на пратеници со домови во Скопје најмногу пари за патни трошоци наплатила пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска. За 11 месеци добила над 550.000 денари, а поседува два стана во Скопје. Едниот се води на име на нејзиниот сопруг и е со површина од 74 метри квадратни, а другиот се води на „имот на деца“ и е 54 метри квадратни.
Следен на листата е Панчо Минов, пратеник од СДСМ. Наплатил речиси 530.000 денари, а неговата сопруга поседува стан од 96 метри квадратни во Скопје.
Меѓу сите пратеници највоочлива е Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.