Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана министер за здравство, денеска е договорено меѓу потенцијалните коалициски партнери – СДСМ и Алијанса за Албанците.
Лога во овој мандат е член на ДИК, а доктор Цана е инфектолог на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
СДСМ е на чекор да го отстапи и директорското место во УЈП, а партијата на Таравари бара и други директорски позиции.
Денеска се финализираат преговорите меѓу членовите на комисиите на СДСМ и Алијанса за Албанците, а резултатот од нив, според најавите од двете партии, утре ќе биде познат.
За утре е закажана нова средба меѓу лидерите на СДСМ и Алијанса, Димитар Ковачевски и Арбен Таравари, по што веројатно ќе се знае кој дел од ресорите ќе припаднат на новиот партнер во владината коалиција.