КРАДЕЛЕ ДУРИ И ВРАТИ ОД ЗГРАДИ! Криминалците неуморни, полицајците презафатени

Од билтенот на МВР може да се види дека криминалците имаат полни раце работа.

166

Полициски службеници од СВР Куманово вчера вечерта во 19.45 часот го лишиле од слобода Љ.Р.(28) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На паркинг простор пред трговски центар на подрачје на Аеродром, вчера околу 18.30 часот полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г.Г.(43) и М.М.(40), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 15.00 до 18.00 часот одзеле три влезни врати од две згради на бул.„АСНОМ“. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






На улица „Струшка“ во Тетово, вчера околу 12:30 часот полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода К.З.(56) и И.З.(53) од Тетово. Тие се сомничат дека околу 12.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово одзеле паричник од 38-годишната Ш.Е. од гостиварско Врањовце. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно докумнетирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во СВР Велес вчера попладне било пријавено дека од зграда на ул.„Вардарска“ биле украдени повеќе предмети. Полициски службеници излегле на местото и набргу, по преземени мерки, бил пронајден сторителот Р.А.(51) од Велес. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, вчера го лишиле од слобода Е.М.(35) од Куманово. Тој бил баран за издржување на затворска казна и бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Ноќеска рано изутрина, во 01.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На подрачјето на Драчево, вчера околу 20:00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(30) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На Граничен премин Деве Баир, вчера во 16.00 часот полициски службеници го лишиле од слобода Х.Е.(28) од Република Албанија, затоа што при пасошка контрола се однесувал агресивно и попречувал полициски службеник во вршење на службени дејствија. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

Поврзани содржини