СО КОЛА ГО ИЗГАЗИЛА БИВШИОТ ДЕЧКО Обид за убиство во Тетово
Тетовката А.М.(26), со која Д.М. 927) подолго време бил во врска, го удрила со својот автомобил „алфа ромео“ додека тој одел пеш по улица.
Момче од Тетово во полициска станица пријавило дека неговата поранешна девојка го удрила со автомобил во доцните вечерни часови додека одел пеш.
„Дваесет и седумгодишниот Д.М. од Тетово, ноќеска во 3 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 2 часот и 20 минути на улица „141“ во Тетово бил удрен од возило „алфа ромео“ со тетовски ознаки, што го управувала тетовката А.М.(26), со која подолго време биле во врска“, извести полицијата.
МВР го расчистува и документира случајот.