ОСВОЕН НАЈГОЛЕМИОТ ЏЕКПОТ ВО МАКЕДОНИЈА Среќниот кумановец освои 34.521.610 денари на Видеолотариските терминали
Со 500 денари ја пробал среќата, играјќи ја играта Lucky hot. Во моментот кога го слушнал сигналот, се збунил, помислил дека се расипал видеолотарискиот терминал. Набрзо му објасниле дека тој е добитник на најголемата и најпосакувана џекпот добивка на сите времиња во Македонија, Новогодишниот Супер милионер.
Најголемиот износ на џекпот на сите времиња во Македонија го освои играч на Видеолотарија Касинос Австрија. Фантастични 34.521.610 денари е износот на Новогодишниот Супер милионер кој беше освоен од кумановецот Г.Р. на 12.01.2023 на видеолотариските терминали во Куманово.
Сите го посакуваа, а само еден играч имаше среќа да го освои. Најголемиот џекпот на сите времиња во Македонија, Новогодишниот Супер милионер, вчера донесе лавина од емоции и секако, фантастични 34.521.610 денари ги освои играчот Г.Р. на видеолотариските терминали Златна Копачка во Куманово околу 15 часот.
– Видно возбуден, пристигна во друштво на своето семејство во просториите на Видеолотарија. Ни раскажаа дека цела ноќ, сите не спиеле, возбудени од она што им се случи. Г.Р. на Бадник добил паричка, па некако претчувствувал дека сега во очи на неговиот роденден на 16 јануари, може да му се случи нешто убаво. Претчувството се покажало како точно. Тој на 12.01, решил малку да се забавува на видеолотариските терминали. Со 500 денари ја пробал среќата, играјќи ја играта Lucky hot. Во моментот кога го слушнал сигналот, се збунил, помислил дека се расипал видеолотарискиот терминал. Набрзо му објасниле дека тој е добитник на најголемата и најпосакувана џекпот добивка на сите времиња во Македонија, Новогодишниот Супер милионер. Со оваа информација се упатил дома, сакајќи со членовите на семејството да ја сподели убавата вест. Кога им кажал, тие не му поверувале веднаш. Откако ги убедил, сите заедно ја споделиле радоста за освоените 34.521.610 денари, која буквално ги остави без сон – се вели во соопштението на Видеолотарија.
Видеолотарија Касинос Австрија ја дели нивната радост и им го честита освојувањето на Новогодишниот Супер милионер. Ние сме убедени дека 2023 ќе биде убава и среќна за целото семејство.
– Очекуваат малку да им легне убаво информацијата, пред да започнат со планови како ќе ги трошат парите. Ни најавија дека веќе во текот на следната недела, со нас ќе ја споделат информацијата за донирање на дел од добивката, откако убаво ќе размислат каде и кому да донираат – велат од Видеолотарија.
Новиот добитен износ на добивката, Супер милионер е со дефиниран опсег на добивката од 14 до 21 милион денари.