ЌЕ ИМА ЛИ НОВА ВОЈНА? Шефот на Пентагон се сомнева дека Кина ќе го нападне Тајван
Лојд Остин на прес конференција соопшти дека има зголемена активност на кинеската авијација над Тајванскиот теснец.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сериозно се сомнева дека зголемената воена активност на Кина во регионот на Тајванскиот теснец е знак за неизбежна инвазија врз островот од страна на Пекинг.
– Навистина видовме зголемена активност на кинеската авијација над Тајванскиот теснец. Видовме и зголемена активност на кинеските поморски сили околу Тајван – рече Остин.
Тој ова го изјави на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и нивните јапонски колеги.
– Но, дали тоа значи дека инвазијата е неизбежна? Искрено, сериозно се сомневам во тоа – рече шефот на Пентагон.