„ДЕЦАТА ГО ИЗГУСТИРАА“ Оглас за продажба на куче ги запали социјалните мрежи

„Подобро да објавел оглас „Подарувам глупави деца!“, затоа што тешко може да ги продаде некому“ - се вели во еден од коментарите.

356

Оглас на Твитер за продажба на куче од расата Лабрадор, со своето „објаснување“ зошто кучето се продава, предизвика лавина жолчни реакции во соседна Србија. Имено, сопственикот напишал дека кучето го продава затоа што децата „го изгустирале“!?

Иако се ѓубриња на две нозе, на кои не треба да им се даде чаша вода, овие барем објавиле оглас, наместо да го фрлат на ѓубриште или во близина на гробишта, некаде. Благодарение на таквите генијалци, имаме глутници кучиња скитници“.






„Подобро да објавел оглас „Подарувам глупави деца!“, затоа што тешко може да ги продаде на некого, немаат педигре, не се благородни. Среќа за кучето што е чистокрвно и расно, зашто ако беше мешана раса, веќе ќе беше исфрлено од колата на 20 километри од куќата во некоја вукојебина“.

“Тоа не се луѓе. Такви деца утре ќе ги “изгустираати своите родители, кога ќе остарат. Па, научиле од нив…”, се само дел од коментарите.

Поврзани содржини