ПРАШАЊЕ Е НА ДЕНОВИ КОГА НОВИОТ СОЈ ЌЕ СТИГНЕ ВО СРБИЈА Здравствените власти очекуваат потврда за првите случаи на кракен короната

Лично мислам дека се појави нов вид (на коронавирусот), но очекуваме детекција или регистрација. Мислам дека тоа е прашање на денови, со оглед на тоа што ги имаме првите случаи во Романија, изјави секретарот на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек.

350

Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек денеска изјави дека верува оти и во Србија се појавил нов вид на коронавирусот, но дека се очекува потврда.

– Лично мислам дека се појави нов вид (на коронавирусот), но очекуваме детекција или регистрација. Мислам дека тоа е прашање на денови, со оглед на тоа што ги имаме првите случаи во Романија. Сите овие ситуации, празници, миграциите на нашите луѓе од Европа, кои дојдоа да ги прослават новогодишните и божиќните празници, влијаеја на влошување на епидемиската состојба – изјави Ѓерлек за РТС.






Според него, во декември имало околу 500 заболени од вирусот дневно, а сега бројот на заразени дневно е повеќе од 1.000.

– Ова е еден од најзаразните видови, велат научниците, кои се многу поискусни и имаат повеќе знаење од мене во оваа смисла. Уште немаме потврда, но веројатно постои, со оглед на бројот на новозаразени луѓе – рече Ѓерлек.

Поврзани содржини