УШТЕ ЧЕКАМЕ АРСОВСКА ДА НИ ГИ ДАДЕ ДЕТАЛИТЕ Министерката за култура вели по изградбата Универзална ќе се врати на Град Скопје
Костадиновска Стојчевска апелираше градоначалничката и советот на Град Скопје да излезат во пресрет, бидејќи Скопје е влезено во потесен избор да биде Европска престолнина на културата во 2028 година, а Универзална сала е институцијата којашто аплицирала.
Веќе 3 месеци чекаме Град Скопје да одговори, да ни достави состојба, што е направено во Универзална сала. Министерството за култура се јавува како помош да помогне да се изгради Универзална сала, тие ингеренции за изградба да ги одземеме времено додека да се изгради и потоа повторно ќе ја отстапиме на град Скопје, тоа е објект на град Скопје, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во изјава за телевизија Сител.
Костадиновска Стојчевска апелираше градоначалничката и советот на Град Скопје да излезат во пресрет, бидејќи Скопје е влезено во потесен избор да биде Европска престолнина на културата во 2028 година, а Универзална сала е институцијата којашто аплицирала.
– Ние сакаме само да помогнеме за Универзална сала, парите стојат на сметка, направени се сите проверки коишто требаше да се направат од ИЗИС дека е стабилен, тоа е проект поголем од било чие инаетење – порача Костадиновска Стојчевска.