КОЛКУ Е ЕТИЧКИ СОПРУГА НА ПРЕМИЕР ДА ИМА БИЗНИС СО ФОТОВОЛТАИЦИ? Пратеничко прашање до Ковачевски од пратеничката Благица Ласовска

Значи, прво сте станале функционер, а после вашата сопруга отворила фирма. Тоа не е незаконски, но моето прашање е колку е етички – рече Ласоска. Секој граѓанин во државава има право да инвестира свои сопствени средства, одговори Ковачевски.

874

Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски влегува во бизнис со струја, таа е косопственик во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје”, фирма која планира да гради соларна електрана во Радовиш. Фирмата е отворена во октомври 2020 година, еден месец откако Вие Ковачевски сте предложен за заменик министер за финансии – истакна Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Значи, прво сте станале функционер, а после вашата сопруга отворила фирма. Тоа не е незаконски, но моето прашање е колку е етички вашата сопруга да работи со фирма за енергетика во моменти кога на народот му е најлошо и дали имате некаков пример во светот за вакво нешто – праша Ласоска






Премиерот Ковачевски во одговор на нејзиното прашање рече дека секој граѓанин во државава има право да инвестира свои сопствени средства.

Ковачевски во одговорот наведе дека согласно со етичкиот кодекс на Владата и со Законот за спречување на корупција целиот негов имот и имотот на членовите на неговото семејство што гласат на нивно име, се пријавени во анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Се обидовте да направите алузија дека се работи за наша инвестиција. Не, се работи за инвестиција на мојата сопруга што е дозволено според закон, и тие коишто инвестираат свои средства тие плаќаат и даноци, од коишто даноци земаат плата и јавната администрација и Владата и пратениците. Со оглед на тоа дека 12 години вие земате плата од такви какви мене и тие кои што инвестираат во приватниот сектор, тоа е за пофалба, за тие што платиле данок за пофалба и за вас што ви се платени и платата и придонесите и персоналниот данок од плаќачите на данок – рече Ковачевски.

Поврзани содржини