И СОПРУГАТА НА БЕКТЕШИ СЕ ВРАБОТИ „НА ДРЖАВНО“ Победила на конкурс со двајца пријавени
Пред две години и сестрата на министерот Бектеши беше вработена во една енергетска компанија, за што во јавноста имаше бурни реакции.
Улка Каба Бектеши, сопруга на министерот за економија Крешник Бектеши, се вработи во Агенцијата за остварување на правата на заедниците на местото Виш соработник во Секторот за изработка на проекти и комуникација со невладини организации, објави Телма.
Од агенцијата изјавиле дека нема судир на интереси ниту непотизам и дека конкурсот бил анонимен, со шифри за секој кандидат. Се пријавиле двајца, а избрана била Бектеши зашто имала повеќе бодови.
Пред две години и сестрата на министерот Бектеши беше вработена во една енергетска компанија, за што во јавноста имаше бурни реакции, а Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава до министерот за судир на интереси, по што тој плати казна од 500 евра.