ОВЕНЧАНИ ЕГОРОВ И НАКОВСКА-БИКОВА Прогласени најдобрите македонски спортисти за 2022 година
На свечена церемонија вечерва во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во повеќе категории.
Во организација на Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината се прогласуваат најуспешните македонски спортисти. На свечена церемонија вечерва во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во следниве категории:
Спортист на годината: Владимир Егоров – борење
Спортистка на годината: Оливера Наковска-Бикова – спортско пара-стрелаштво
Великани на македонскиот спорт: Кирил Лазаров – ракомет; Горан Пандев – фудбал
Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија
Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – кикбокс
Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација
Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација
Млад спортист на годината: Петар Арсовски – бокс
Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова – кикбокс
Подвиг на годината: Марко Пејчиновски, кој десет пати го преплива Охридското Езеро; Харис Бекири, за најтешкото искачување – еверестинг
Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим
Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор” од Струга
Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов” од Велес.